Заев потврди дека на комичарите им праќал фотографии од Меркел – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/19 1:11 PM

Заев потврди дека на комичарите им праќал фотографии од Меркел

-Можно е, им праќав фотографии, како што и тие мене ми праќаа од парадата на Војската на Украина, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев. Двајцата руски комичари во повеќе интервјуа за македонските медиуми тврдат дека Заев им праќал фотографии од негови лични официјални средби со информации со кои и каде.

–   Во тоа време јас и верував дека имам комуникација. Како што добивав слики од парадата на Војската на Украина од лажниот Порошенко, јас праќал слики од посетата на Меркел и слично .Не знам точно до кога била комуникацијата. Но, можно е да сум праќал, рече Заев, кој потврди дека и тој ги барал, како што тие го барале него, верувајќи дека е претседателот Порошенко.

На прашањето кога сфатил дека не е вистинскиот Порошенко, Заев кратко одговори:

-Завчера, кога се објавија разговорите, рече Заев и сите се насмеаја.

Но, по објавениот разговор, веќе денеска опозицијата  побара предвремени избори во Косово, откако Заев точно кажува кои општини треба да бидат разменети меѓу Србија и Косово.  Заев беше прашан дали се точни тие информации, особено што во тоа време косовскиот претседател Хашим Тачи се сретнал со него.

-Јас и кога зборувам велам дека се слуша никој со мене не споделил информации, ниту косовската ниту српската страна, затоа што тоа е билатерално прашање. Ние сме биле тука секојпат како пријатели да охрабириме решение. Сите зборуваме од тоа што читаме. Така што и коментарите така се направени, одговори Заев.

На крај сепак вели и дека продолжува да води директни разговори со различни државници ,затоа што е непосреден човек.

– Апла вака барање на одговорност,  нема протокол кој што мене може да ме ограничи ако сакам да ви се јавам вам или на премиерката Брнабиќ и други. Комунукациите носат информации за доброто на нашата земја. Ќе продолжам  да комуницирам, дециден е Заев.