Центарот за мигранти на Сицилија се затвора, вака одлучи италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини. Овој центар се смета за еден од најголемите во Европа, причината за негово затворање е поради намалување на приливот на мигранти од минатата година.
Од минатата година бројот на мигранти во центрите е намален од 182.000 на 107.000. Податоците на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека годинава во Италија пристигнале 3.073 мигранти, во споредба со истиот период лани која бројката изнесувала 17.000, а во 2017 година – 85.000.