Се изготвува завршната верзија на техничката документација за рехабилитација на патот Тетово-Попова Шапка. Според податоците од Јавното претријатие за државни патишта, финансирањето на овој проект “Рехабилитација на регионален пат Р1209, делница Тетово-Попова Шапка” во должина од околу 19 км е обезбедено со средства од Светска Банка.
Наскоро ќе започне реконстуркција на патот Тетово – Попова Шапка. Ова го потврди министерот за економија, Крешник Бектеши,
Според податоците од Јавното претријатие за државни патишта, финансирањето на овој проект “Рехабилитација на регионален пат Р1209, делница Тетово-Попова Шапка” во должина од околу 19 км е обезбедено со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.
Со одржување на јавна консултација вчера во зградата на општина Тетово започна процедурата за вклучување на јавноста во изготвување на завршните документи од техничката документација за планираната рехабилитација на делницата Тетово-Попова Шапка од страна на Јавното претријатие за државни патишта.
Зоран Димовски