На новите грчки министри им е забрането да вработуват роднини – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/19 8:28 AM

На новите грчки министри им е забрането да вработуват роднини

Пред денешната прва седница на новиот ссотав на Владата на Грција, министрите и нивните заменици добија строги насоки кои треба да ги почитуваат. Забрането им е вработување на роднини од прв и втор степен. Исто така имаат забрана за склучување на било каков договор со државата ќе имаат сопругите/сопрузите, како и децата на владините функционери.

На сите членови на владата: министри, заменици, генерални и специјални секретари ќе им се забрани секаква паралелна професионална или бизнис активност.Пораката е дека државата не е „плен“, а министрите се тука да работат во интерес на граѓаните.

Новиот грчки премиер, Кирјакос Мицотакис денеска на членовите на неговиот кабинет ќе им ги претстави приоритетите и ќе презентира нов модел на управување.

При тоа, секој министер денес ќе добие коверт со шестмесечен план за областа за која што е одговорен. Ќе бидат детално објаснети конкретните цели што секое министерство ќе треба да ги постигне до декември и начинот на кој ќе се оценува владина активност.

Генералните секретари во министерствата од 93 ќе се намалат на 60.

Првата владина седница ќе се одржи денес во грчкиот Парламент, во 11 часот по локално време.