Владата донесе одлука да се покрене постапка која ќе обезбеди деблокирање на работата на Акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, за да се преземат сите неопходни мерки за наплата на побарувањата, навремено сервисирање на обврските и намалување на непродуктивните трошоци, и да се обезбеди редовното работење на друштвото со извршување на сите обврски кон вработените.
Вработените во АД „Водостопанство“ два месеци немаат земено плата, ниту им се платени придонесите. Во меѓувреме јавноста дозна дека директорот на Водостопанство, Илми Селами, кадар на ДУИ пред неколку месеци изнајмил 15 автомобили за кои ќе плаќа 415.000 евра и после 5 години истите ќе треба да ги врати. Според пресметките, ако возилата ги купел, за нив ќе плател 150.000 евра помалку.
Селами за свои потреби набавил „рено талисман“ од 50.000 евра.