Изразот кој ја дефинира магијата која се случува во кујната може да се опише како „организиран хаос“! За непречено да функционирате во својата кујна, тој „хаос“ треба да биде организиран, така што се ќе ви биде при рака. Еве неколку важни кујнски совети кои помагаат.
Сѐ на свое место
Ова начело подразбира дека пред да започнете со готвење, целиот прибор и сите намирници треба да бидат спремни, измиени, излупени, измерени и лесно достапни. Ова ќе ве осигура дека целосното вимание ќе ви биде насочено кон шпоретот, наместо да растрчувате низ кујната и да барате нешто што итно ви треба, а не можете веднаш да го најдете додека храната е на огнот.
Секогаш имајте еден остар нож
Ова е една од клучните потреби за успешна работа во кујната. Ножевите кои ги користите редовно препорачливо е да ги острите. Тоа е важно од повеќе причини, бидејќи како што отапуваат стануваат непрактични, а и небезбедни за употреба.
Пробувајте го и зачинувајте го јадењето за време на готвењето
За да се осигурате во задоволството на лицата на гостите, обавезно пробајте го јадењето пред да излезе на трпезата. Ретко што може да го поремети оброкот, колку несоодветна употреба на зачини, па внимавајте на тоа најмногу.
Пропржувајте го, па печете го месото ако сакате да е вкусно и сочно
Професионалните готвачи, често пати прво го пропршуваат месото, па спремањето го довршуваат во рерна. На овој начин, месото станува посочно и поминува помалку време на ринглата.
Не преполнувајте ја тавата во која готвите!
Немојте да ставате преголема количина во тавата во која готвите. Ова правило е посебно важно кога спремате месо. Иако ќе личи дека е готово за побрзо време, месото нема да се испржи, туку ќе се обари, а температурата на тавата ќе биде ниска и нема можност за крцкава кора.
Спречете да ви „гори“ путерот
Размерот на путер и масло треба да биде 1:1, ако сакате да го спречите неговото загорување. А така јадењето ќе има и побогат вкус.
Веднаш расчистете се што сте растуриле
Ова е можеби и најважниот совет од сите. Доколку го тргните она што веќе не ви е потребно, полесно ќе се снаоѓате со останатите намирници и садови, полесно ќе оди чистењето и на мир ќе можете да уживате во она што сте припремиле.
Преземено од: sezahrana.mk