Квалификации за ЛШ: Шкендија со гостинска победа во Талин – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/19 7:34 PM

Квалификации за ЛШ: Шкендија со гостинска победа во Талин

Единствениот гол за победа на тетовци беше дело на Агим Ибраими, кој реализираше од пенал во 81 минута од средбата.

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија оствари победа во првиот натпревар од 1. квалификациско коло против естонскиот шампион Номе Калју во Талин со 0:1 (0:0).

Единствениот гол за победа на тетовци беше дело на Агим Ибраими, кој реализираше од пенал во 81 минута од средбата.

Фудбалерите на Ќатип Османи за една недела го играат реваншот и ќе имаат одлична можност да обезбедат пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за ЛШ.

МИА