Балотели пред враќање во Премиер лигата – клубот сериозно загреан за „Супер Марио“ – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/19 3:59 PM

Балотели пред враќање во Премиер лигата – клубот сериозно загреан за „Супер Марио“

Како што пренесува британски, „Телеграф“, екипата на Вест Хем пројавила сериозен интерес за услугите на Марио Балотели.

„Супер Марио“ деновиве повторно беше актуелен поради своите глупости за време на одморот, но во меѓувреме има и понуди на своја адреса за продолжување на кариерата.

Балотели по одиграната полусезона во Марсеј сега е слбооден агент, а според последните информации од Островот тој има желба да се врати во Премиер лигата.

„Чеканите“ од Лондон откако остана без Марко Арнаутовиќ кој направи трансфер во Кина, бараат нов голгетер, а изборот може да биде токму Балотели.

Инаку како што е познато Балотели веќе има искуство во Англија каде што ги носеше дресовите на Манчестер Сити и Ливерпул.

Извор:  sportclub.mk