(ВИДЕО) Заев наседнал на руски комичари кои се претставиле дека се Порошенко и Столтенберг – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/19 8:31 AM

(ВИДЕО) Заев наседнал на руски комичари кои се претставиле дека се Порошенко и Столтенберг

Руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) објавија видео во кое од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев.

Во разговорот, комичарите зборуваат дека украинските научници ја откриле генетската врска на Порошенко со Александар Македонски, па така, му вели лажниот Прошенко на Заев, „сега можам да се викам Петро Македонски“. Комичарите од името на Порошенко на Заев му нудат помош украинскиот претседател да посредува за МПЦ кај вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Заев со комичарите разговара за надворешната политика – преспанскиот договор, односите Србија-Косово, Украина, односите со Русија, ЕУ и НАТО.

Во еден разговор тие го вклучуваат и „генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Руските комичари, во минатото лажно претставувајќи се разговарале и со украинскиот претседател Порошенко, британскиот министер Борис Џонсон, турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, францускиот претседател, Емануел Макрон и други јавни личности.

Извор: Фокус