Документ со кој се потврдува дека лекар во Општата болница во Дебар работи со Договор на дело за само 15 000 денари, се појави на социјалната мрежа Фејсбук. Документот го споделија од Здружението на лекари специјализанти ЗЛС, а потоа и од Асоцијација на специјализанти и млади лекари, од каде потврдија дека се работи за веродостоен документ.
Кратко откако го објавија документот од здруженијата потврдија имаат дозвола од лекарот да се објави за која болница станува збор. Велат имаат информација дека таму неколку лекари(најмалку двајца) работат со Договор на дело за сума од 15 000 денари, без платени придонеси за здравствено и пензиско осигурување.
„Станува збор за Јавна здравствена установа, Општа болница во Дебар која не смее да си дозволи да функционира со лекари со Договор на дело. Ако имаат недостог од медицински кадар, нека ги вработат, а не да ги злоупотребуваат избегнувајќи да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување“, велат во ЗЛС.
Ако имаат недостог од медицински кадар, нека ги вработат, а не да ги злоупотребуваат избегнувајќи да плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување“, велат во ЗЛС.
Инаку, плата на лекар во секундарно здравство, односно во болниците изнесува околу 30 000 денари. Од здруженијата велат дека со двајца доктори на кои им даваат хонорар по 15 000 денари болницата си го „решила“ проблемот со недостиг на кадар и тоа без дополнителни трошоци за придонеси. Тие најавија дека ќе реагираат до надлежните институции за ваквата злоупотреба на младите лекари.
Извор: НОВА