Фото: Е.Trako
Членовите на обезбедувањето на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган денеска одбиле да поминат низ редовната процедура за аеродромска контрола во Сараево, поради што за малку бил избегнат инцидент помеѓу нив и припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина.
Инцидентот го потврди директорот на Граничната полиција на БиХ, Зоран Галиќ, кој го пофали професионализмот и реакцијата на припадниците на Единицата на граничната полиција на БиХ, истакнувајќи дека сепак, се’ поминало без проблеми.
„Тие кои доаѓаат во БиХ мора да ги почитуваат законите на БиХ, а не да покажуваат дека се над нив. Членовите на Претседателството на БиХ кога патуваат во странство секогаш ги почитуваат законите на другите држави.
До инцидентот дошло на пистата, кога членовите на обезбедувањето на Ердоган одбиле да поминат низ редовната контролна процедура.