Глумецот Камерон Бојс починал во спиење – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/19 6:17 PM

Глумецот Камерон Бојс починал во спиење

Дваесетгодишниот актер, Камерон Бојс кој главно учествуваше во емисии и серии на „Дизни“, вчера починал во сон. Тоа го потврди и неговото семејство.

– Со огромно жалење ви соопштуваме дека го загубивме нашиот Камерон. Почина во сон од напад поврзан со долгата и тешка болест со која се бореше – наведува семјството во соопштението.

Своето деби, Бојс го имаше во серијата „Џеси”, а потоа глумеше и во филмовите „Око како орел”, „Потомци“ и „Возрасни”. Последнаta негова улога беше во серијата „Г-ѓа Флечер” што наесен ќе се прикажува на ХБО.

Во слободно време, момчето се занимаваше и со хуманитарна работа.