Ветеранот Вејн Руни, буквално го советува Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, да не направи се уште трансфер во Манчестер Јунајтед.
19 годишниот играч кој минатата сезона ја импресионира јавноста со неговите игри во дресот на Дортмунд и Англија, па од таму се роди интересот за овој фудбалер од повеќе клубови.
Јунајтед беше редовно поврзуван со трансфер на Санчо, но Руни смета дека тоа е лоша идеја.
„Дортмунд е одличен клуб со одлични навивачи, тие им веруваат на своите млади играчи, погледнете само како Санчо и колку напредуваше изминатите 12 месеци. Сега пред Санчо е една голема дилема, каде да игра понатаму, да одлучи дали да игра редовно или да седи на клупа? Ако сака да игра редовно, добро ќе му биде да не се сели никаде и да остане во Германија“, смета Руни.
Санчо засега не дава сигнали дека сака надвор од Сигнал Идуна Парк, па евентуално доколку уште една сезона напредува како што е природно, за трансфер реално ќе биде да се зборува идното лето.
Извор: sportclub.mk