Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, одблиску и со внимание го следи и годинешното издание на Вимблдон.
Ѓоковиќ го брати трофејот оваа година во Лондон, но според Бекер, Новак Ѓоковиќ сега не е прв фаворит, но е еден од првите неколкумина.
„Работите од минатата сезона и сега се поинакви. Претходната година тој се враќаше на голема врата и не беше фаворит, за разлика од сега кога е еден од фаворитите, но нема така голем притисок“.
Бекер тврди дека Роџер Федерер е фаворит број 1.
„Тој и понатаму е опасен, игра различно и шаренолико. Искрено, не верував дека ќе биде еден од фаворитеите на овој турнир, но навистина добро игра. Сметам дека тој е благ фаворит или во друг случај, со подеднакви шанси со Новак Ѓоковиќ“, истакна Бекер.
Извор: sportclub.mk