Уште малку, па секој Црногорец, во просек, ќе има по два мобилни телефона. На крјот на мај годинава бројот на корисници на мобилната телефонија во Црна Гора, која има 630.000 жители, изнесувал 1.090.000, што е за околу пет отсто повеќе од лани, пишуваат црногорски медиуми.
Во извештајот на Агенцијата за електронски коминикации и поштенска дејност на Црна Гора се наведува дека 53,84 отсто од Црногорците се постпејд корисници, а 46,16 припејд. Претплатниците се речиси рамномерно распоредени, по околу една третина, кај трите мобилни оператори.