Новиот автопат би можел да се вика Гоце Делчев – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/19 8:43 PM

Новиот автопат би можел да се вика Гоце Делчев

И покрај тоа што опозицијата преку разни канали и преку надворешни, но и внатрешни сили се обидуваше да го отвори ионака непостоечкото прашање околу македонскиот револуционер Гоце Делчев, новиот автопат ќе се вика Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев нема ништо против името на автопатот Миладиновци-Штип да остане „Гоце Делчев“. Оваа одлука е донесена од претходната власт уште кога почна изградбата на делницата и е објавена во Службен весник.Заев вчера рече дека не е запознаен со таквата одлука но оти ќе ја почитува.

Ако е така така ќе остане.Нема потреба од промена. Ако има завршено веќе процедури околу именувањето на патот одлично-изјави премиерот.

Опозицијата изминатиот период се обидува да го дестабилизира процесот на членство на Македонија кон НАТО и ЕУ, преку отворање на непостоечкото прашање со Гоце Длечев. На сличен начин опозицијата минатата година се обиде да ги вметне и прашањата околу името на нацијата и јазикот, што за среќа помина неуспешно, а според Преспанскиот договор се зашитити Македонската нација и Македонците, а за прв пат се призна и Македонскиот јазик.

Според аналитичарите, впечатлив е фактот како да опозицијата да се радува на евентуални проблеми со кои би се соочила Македонската власт со членството во НАТО и ЕУ. А очигледен пример се посочува радоста на опозициските структури од недобивањето на старт на почеток на преговори на Македонија со ЕУ во јуни, како што претходно беше најавено, несфаќајки дека напредувањето на Македонија кон ЕУ членството носи придобивки за сите, без разлика на нивната партиска определба.