Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, одденес ќе знаеме уште точно колку време остана до 1-ви февруари преку „UNESCO:Бројчаникот“ на охридскиот информативен портал OhridPress.
– Бројчаникот ќе остане до 1-ви февруарии ќе не потсетува сите, а особено одговорните и најзасегнатите за важноста, но овој пат и за брзината со која мора да ги носат одлуките, порачуваат од OhridPress и Супер радио.
Комитетот за светско наследство, кој се одржа во Баку, Азербејџан, на властите во Охрид и Македонија им беше даден дополнителен рок до први февруари 2020 година да ги исполнат сите поставени барања, меѓу кои и уривање на 1100 дивоградби. Охрижани ова го преточија во бројчаник, кој постојано ќе потсетува дека времето за рекација незапирливо тече.