Приведена мајката на убиениот Секондо – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/19 7:21 PM

Приведена мајката на убиениот Секондо

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, денеска била приведена на плоштадот во центарот на Скопје и однесена во полициската станица Беко. Со неа се приведени уште две лица.

Според изјава на Трпковска, била приведена затоа што извикувала „Македонија“ на пл оштадот. За време на приведувањето таа порача „Ова е диктатура“. Меѓу тројцата приведени е и Нестор Огинар, кој изјави дека е и америнански граѓанин.

МВР го потврди апсењето на Маја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо. Од Министерството велат дека Трпковска го нарушувала јавниот ред и мир за време на НАТО вежбата „Одлучен удар“. Според МВР, Трпковска предизвикала инциденти каде ги попречувала полициските службеници во вршење на својата работа.

„Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ , лицата Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.