Реал ги финализира продажбите на четворица играчи – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/19 4:50 PM

Реал ги финализира продажбите на четворица играчи

Четворица играчи наскоро ќе ја сменат клупската припадност и нема да ја имаат честа да се нарекуваат фудбалери на Реал Мадрид. Според весникот „Ас“, клубот е во напредна фаза на преговори за излезни трансфери, поврзани со Лукас Васкез, Дани Себаљос, Мартин Јодегард и Борха Мајорал.

Најблиску до излезот е Васкез. Кон него има интерес од Арсенал, ПСЖ и Баерн, кои се подготвени да ја платат бараната од „белите“ цена – 32 милиони евра тврда сума, плус уште 3 милиони евра во вид на бонуси. Најблиску до него изгледаат „топџиите“, бидејќи желбата на самиот играч е да се пресели во англискиот тим.

Повторно кон северен Лондон, но кон Тотенхем, е на пат да преземе Себаљос. Преговорите и за неговото заминување се во напредна фаза и се очекува да завршат во почетокот на следната недела. Се уште не е пријавен износот за кој „петлите“ ќе го ангажираат.

Што се однесува до Јодегард и Мајорал, тие се очекува да преземат кон Реал Сосиедад. Од целиот овој квартет исклучиво Мајорал ќе има опција наскоро да се врати на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи во неговиот договор ќе има клаузула мадриѓаните да го откупат назад за повисока сума во рамките на две сезони.

Реал веќе се раздели со тројца играчи. Тоа се Матео Ковачиќ, кој премина во Челзи за 45 милиони евра, Маркос Љоренте, кој отиде кај градскиот непријател Атлетико за 30 милиони евра, како и Раул де Томас, кој потпиша со Бенфика за 20 милиони евра.

Зинедин Зидан сака да продаде најмалку 15 фудбалери.

Извор: denar.mk