Тарантино најверојатно оди в пензија – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/19 3:52 PM

Тарантино најверојатно оди в пензија

Американскиот режисер, Квентин Тарантино веројатно ќе престане да снима филмови, бидејќи како што изјави, неговиот најнов проект „Беше еднаш во Холивуд” можно е да му биде последен.

„Се гледам себеси како пишувам книги или театарски претстави“, посочува тој, додавајќи дека на светот на филмот му дал сѐ што можел.

„Беше еднаш во Холивуд” е негово деветто режисерско дело.Филмот премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал годинава. Актерот Бред Пит, кој се појавува во последниот филм, тврди дека Тарантино e сериозен и не блефира. „Беше еднаш во Холивуд” ја следи приказната на подзаборавените ѕвезди на телевизиски каубојски филмови – Рик Далтон (кој го глуми Леонардо ди Каприо) и Клиф Бат (Бред Пит).

Заплетот се случува во заднина на дејствијата на криминалната банда на Чарлс Менсон во 1969. и на убиството на бремената глумица Шерон Тејт, инаку сопруга на познатиот режисер Роман Полански.

Инаку, Тарантино светската слава ја стекна со „Касапски кучиња”, „Евтини приказни” и „Убиј го Бил“ 1. и 2. дел.