На денешното рочиште за случајот „Тортура” за апсењето на Љубе Бошкоски, еден од сведоците на распит беше и бизнисменот Орце Камчев. Според мониторингот на „Зелена лупа“,на почетокот на сведочењето на Камчев, при неговото легитимирање од страна на судот, беше прашан дали е државјанин на РСМ, тој на тоа при кратко молчење одговори со зборовите “Македонец само”.
-Со голем револт и со голема ароганција кон обвинителот и судот тој изјави дека не знае зошто е повикан на денешното рочиште.За разговорите кои му биле презентирани во обвинителството тој кажа дека се “сечени, лепени и монтирани”.
За разговорот со новинарката Оливера Трајковска Камчев изјави дека воопшто не се сеќава, бидејќи тој ден се слушнал со преку сто луѓе говорејќи за самиот настан пред “Воденица”,(апсењето на Бошкоски) дека како и сите луѓе така и тој имал разговори поврзани со апсењето, и при тоа праша “да не е забрането да се зборува за криминал”?!.
За настанот пред “Воденица” Орце Камчев изјави дека дознал од телевизија гледајќи како одредено лице прима мито за да го менува името, а потоа било уапсено, соопштува „Зелена лупа“.
За разлика од бизнисменот, новинарката Оливера Трајковска како сведок на СЈО, потврди дека разговорите со Камчев се автентични и воедно го опиша и критичниот ден и самиот настан на апсењето на Љубе Бошковски пред ресторанот “Воденица”.
Во разговорот помеѓу неа и бизнисменот Јордан Камчев, кој бил на 6 јуни 2011 година, таа потврди дека тој и пренел информација дека за еден час нешто ќе се случува, а на нејзино прашање кој му ја дал таа информација Камчев одговорил “ПРИЈАТЕЛОТ” мислејќи на сега обвинетиот Сашо Мијалков.
За настанот пред ресторанот “Воденица” Тајковска изјави дека имала впечаток како да се пречекува странска делегација, бидејќи имало голем број на медиуми, полициски сили и го видела и Љубе Бошковски кого постојано го движеле од јавниот тоалет па до автомобилот.
Во еден момент обвинетиот Мијалков гласно дофрли кон одговорот на сведокот Трајковска, па беше опоменат од Судијката Ристеска.Трајковска изјави дека останува во целост на изјавата која ја дала во Обвинителството, стои во мониторингот на „Зелена лупа“.
Објавено на: 07/5/19 2:25 PM