БиХ: Змија од два метра се прошета низ полициската станица во Бихаќ – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/19 12:42 PM

БиХ: Змија од два метра се прошета низ полициската станица во Бихаќ

На многубројните други проблеми со кои во последните месеци се соочува полицијата на Унско-санскиот кантон, пред два дена и’ се придодаде уште еден, многу специфичен. Во просториите на Министерството за внатрешни работи во Бихаќ се вовлекла змија. За среќа, таа на време била видена, па освен непријатноста и стравот кај дел од вработените, нејзиното влегување во полициската зграда не предизвикало други проблеми.

Судејќи по фотографиите до кои дојде „Аваз“, оние што ја виделе змијата имале причини за страв – била долга околу два метра. Од полицијата не соопштија дали се работи за отровница или не.

Овие денови во Босна и Херцеговина е евидентиран зголемен број змии, како и каснати граѓани. Но, ова е прв случај змија да „вшета“ во полиција, пишува „Аваз“.