Гром удрил во куќа и ја запалил, нема повредени – ММС
ММС

Објавено на: 07/5/19 9:41 AM

Гром удрил во куќа и ја запалил, нема повредени

Невремето кое што синоќа го зафати  регионот на Македонска Каменица,  проследено со електрични празнења, запали куќа во селото Косевица.

Според информациите од Полицискиот билтен синоќа во 21.30 часот било пријавено дека во с.Косевица,  Македонска Каменица, од удар од гром настaнал пожар во куќата сопственост на Р.Н.. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица. Увид ќе се врши во текот на денот.