Биткоинот се урна со вредноста во крајот на неделата при тргување во Азија откако регулатори во САД побараа Фејксбук да запре со разработката на сопствена криптовалута, објавија американски медиуми.
Како причина за тоа се нагласува дека проектот ќе донесе „целосно нов глобален финансиски систем базиран во Швајцарија што ќе биде конкурент на доларот”.
„Тоа создава сериозни стравувања за националната безбедност и финансиската политика не само за над две милијарди корисници на ФБ туку и за инвеститори и глобалната економија”, се вели во соопштение на американскиот регулатор.
Претходно, и 33 групи-застапници се против плановите на социјалната мрежа. Тие бараат мораториум за разработувањето на Либра.