Попладнево во северозападните и источните делови, како и во Пелагонија, има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, невремето доаѓа и кон Скопје, а ќе се задржи и вечерва.
Од УХМР известија дека поради големата енергија во атмосферата ќе има услови за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град и силен ветер.
Прогнозата за утре предвидува температури од 11°C до 36°C. Претпладне сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.