Се укинува забраната за сообраќај на патниот правец Берово – граничен премин Клепало – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 3:39 PM

Се укинува забраната за сообраќај на патниот правец Берово – граничен премин Клепало

Поради прекин на градежните работи од Берово кон граничниот премин Клепало, од денеска до 9 јули, се укинува забраната за сообраќај, која претходно важеше за сите моторни возила, кои го користат споменатиот патен правец. Како што известуваат од Општина Берово, укинувањето на оваа забрана ќе важи до наредната среда, кога градежните работи повторно ќе продолжат.
– Ова значи дека од денес до среда 10 јули, граѓаните и туристите повторно ќе можат овој патен правец да го користат за сообраќај. Согласно соопштението на изведувачот, градежните работи ќе продолжат од наредната среда 10 јули, од кога повторно од 11 до 16 часот ќе биде воведена оваа забрана за сообраќај, информираат од општината.
За секоја нова промена во врска со измена на режимот на сообраќајот на патниот правец Берово – граничен премин Клепало, како што додаваат, граѓаните дополнително ќе бидат известени.
Градежните работи за рехабилитација на патниот правец од Берово кон граничниот премин Клепало се реализираат со средства од Јавното претпријатие за државни патишта и се очекува да завршат до јули 2019 година.
Со рехабилитацијата на патот Берово – Клепало, се најавува отворањето на граничниот премин Клепало, со што Република Северна Македонија ќе добие уште еден граничен премин, а со тоа градот Берово ќе биде поблиску до Европската унија.