Поради топлотниот бран кој се појави во северна Калифорнија, школките во тоа подрачје буквално се варат во морето.
„Кога се приближив до местото, веднаш забележав стотина мртви школки“, изјавила биологот Џеки Сонез од природниот резерват „Бодега Марин“ и додала како подоцна открила дека станува збор за многу поголема катастрофа и дека големи се размерите на поморот на школки што дури се застрашувачки. Десетици илјади мртви школки се наоѓаат на крајбрежјето на северна Калифорнија.
Кога Сонез се прближила до крајбрежјето забележала многу школки се отворени. Кога школките се живи и здрави, нивните школки се затворени, но кога се мртви школките се отвораат, откривајќи го внатрешното ткиво или имаат празна лушпа.
Калифорнија доживеала рекорден топлотен бран во јуни, со температури кои достигнале 38 степени Целзиусови. Во градот Санта Роса, кој е 30 km одалечен од залиот „Бодега“ имало 37,8 степени на 10 –ти и 11 –ти јуни.
Високата температура на морето не само што ја варат внатрешноста на школките, туку и овозможува, размножување и ширење на бактериjата „vibrio vulustomust“ која се храни со месо, а живее во американските води.