Две лица се здобиле со тешки повреди, а три со телесни по сообраќајна незгода што утрово се случила во струшкото село Драслајца.
СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила утрово околу 4 часот, кога 25-годишниот Д.Н.од Струга, управувајќи патничко возило „БМВ” со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во железна ограда.
– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците И.С.(20) од село Драслајца и К.М.(25) од селото Мислешево. Тие биле пренесени во болницата во Струга. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле возачот Д.Н.(25) и сопатниците А.К.(18) и К.К.(19), двете од селото Мороишта, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица во Струга.