Tри месеци македонската дипломатија не е е здравствено осигурана, реагира опозицијата (Видео) – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 1:43 PM

Tри месеци македонската дипломатија не е е здравствено осигурана, реагира опозицијата (Видео)

Веќе три месеци македонската дипломатија не е е здравствено осигурана. Трет месец, македонските дипломати, амбасадорите, целата дипломатија, службите, вработените во ДКП-ата, не им се покрива здравственото осигурување, реагираше денеска опозицијата од каде оценија дека се работи за скандал.

„Прво, како е можно министерство, особено МНР, македонската дипломатија да дели плата, а вработените да немаат здравствено осигурување? Како е можно Министерство, дел од Влада, да не уплаќа здравствено осигурување? Каков пример дава Владата, МНР до македонското стопанство, до бизнисмените, со тоа што може да исплатува плата, а вработените да немаат здравствено осигурување“, праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Втор  аспект на проблемот е каде е Синдикатот на МНР? Каде се членовите на Синдикатот на македонската дипломатска служба, чија што веројатно последна активност беше да се повикаат вработените на таканаречениот марш за Европска Македонија, односно за поддршка на референдумот за промена на државното име? Како е можно синдикалци да не изустат ни збор за тоа што дипломатите и службениците во МНР немаат здравствено осигурување од министерувањето на Никола Димитров, ниту за ниеден друг скандал кој што го тресе МНР“, додаде Стоилковски.