Времен сообраќаен режим викендов во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 1:29 PM

Времен сообраќаен режим викендов во Скопје

Град Скопје известува дека утре 5 -ти јули – (петок) поради градежни  активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булевар АСНОМ во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим.

Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со булевар Васко Карангелевски, за сообраќај ќе се користи сервисната улица помеѓу Хотел Хилтон и Хотел Русија.

Во сабота на 6 -ти јули  во период од 07 до 18 часот поради градежни активности на булевар АСНОМ во близина на мостот Тодор Александров, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.

Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.