Хрватски Самобор ќе го окупираат 3.000 „спачеци“ од целиот свет – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 12:49 PM

Хрватски Самобор ќе го окупираат 3.000 „спачеци“ од целиот свет

Кон крајот на овој месец хрватскиот град Самобор ќе биде „окупиран“ од 12.000 љубители на легендарниот модел на „Цитроен“ – 2 ЦВ или популарниот „спачек“. Од 33 земји од целиот свет треба да пристигнат околу 3.000 вакви автомобили. Австралија, Аргентина, Чиле, Брегот на Слоновата Коска се дел од најдалечните дестинации од каде ќе дојдат старите „спачеци“, објавуваат хрватски медиуми.

Ова ќе биде 23. средба на љубителите на „спачек“. Се одржуваат секоја втора година. Веќе биле резервирани сите сместувачки капацитети во Самобор и во околината.