Хрватска: По инцидентите, британската војска им се извини на граѓаните на Задар – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 12:42 PM

Хрватска: По инцидентите, британската војска им се извини на граѓаните на Задар

Два дена по пишувањето на хрватски медиуми дека припадници на британските вооружени сили, кои паузата од меѓународна вежба ја користеле за одмор во далматинскиот град Задар, се однесувеле непримерно и направиле повеќе инциденти во градот, британските вооружени сили преку британската амбасада во Загреб им се извинија на граѓаните на Задар.

„Ние не толерираме лошо однесување и ќе ги преземеме сите мерки против сите кои не се придржуваат на високите стандарди што ги поставуваат британските вооружени сили. Им се изинуваме на граѓаните на Задар“, рекол портпаролот на британските вооружени сили, пренесува „Слободна Далмација“.

Вчера била поведена истрага за инцидентите во Задар во кои учествувале британски војници, соопштиле од Амбасадата на Велика Британија во Загреб.