Пентагон: Еве како Русија им влијае на балканските држави – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 11:10 AM

Пентагон: Еве како Русија им влијае на балканските држави

Русија ги користи медиумите, трговските односи, странските директни вложувања, трговијата во областа на енергетиката, дипломатијата, военото присуство, се меша во политичките процеси, ги користи замзрзнатите конфликти и на тој начин претставува закана за Соеднитетите Американски Држави во Европа, пишува во извештајот на Министерството за одбрана на САД (Пентагон), што го објавува американскиот портал „Политико“.

Кога станувало збор за Балканот, честа била и зависноста на државите од увозот на руски гас.

„Европската Унија би можела да се охрабри да ја поттикне либеризацијата, со тоа што би понудила повеќе специфичности за членство на балканските држави чии изгледи за зачленување во овој момент не се реални“, се наведува во извештајот.

Во него се истакнувале и три цели на голбалната стратегија на рускиот претседател Владимир Путин – да се поврати влијанието на Русија во поранешните држави на Советскиот Сојуз, да го врати статусот на светска сила и да се претвори во доверлив актер и моќен играч и посредник. Се наведува и се’ поголемата блискост на Русија и Кина.