„Боинг“ ќе им исплати 100 милиони долари на семејствата на загинатите во двете авионски несреќи – ММС
ММС

Објавено на: 07/4/19 11:07 AM

„Боинг“ ќе им исплати 100 милиони долари на семејствата на загинатите во двете авионски несреќи

Од компанијата „Боинг“ соопштија дека обезбедиле сто милиони долари за семејствата на жртвите што ги загубија животите во двете несреќи на авионите „737 Макс“.

Како што јавуваат агенциите, средствата на семејствата ќе им бидат исплатени во следните неколку години. Еден дел од парите ќе бидат пренасочени за социјално згрижување и школување на членовите а семејствата, а остатокот за претрпена душевна болка.

Во двете авионски несреќи, за кои, според досегашните резултати од истрагата, е виновен софтверот на „Боинг“, загинаа 346 луѓе. Компанијата веќе се соочи со низа тужби од семејствата на загинатите