Со холандско знаме пречекан францускиот амбасадор во Општина Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 9:39 PM

Со холандско знаме пречекан францускиот амбасадор во Општина Охрид

Никако да ги научиме знамињата, барем тие на земјите членки на ЕУ. Денеска Општината Охрид на општинската интернет страница информираше дека претседателката на Советот, Живка Ангелоска , имаше протоколарна средба со Кристијан Тимоние, амбасадор на Република Франција во Република Македонија. На средбата се разговараше за досегашната и можноста за продлабочување на идната соработка, стои во информацијата.
Во прилог на оваа вест има и фотографија на која се гледа македонското и холандкото знаме.


Не е прв пат протоколарните средби на нашите централни и локални власти да ги следи поставување на погрешно знаме на друга држава. Најекспонирана беше посетата на австрискиот канцелар Себастијан Курц, кој беше пречекан со знаме на Латвија.