Готово е: Барса ќе плаќа на рати, Гризман на „Камп Ноу“ за седум дена – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 3:44 PM

Готово е: Барса ќе плаќа на рати, Гризман на „Камп Ноу“ за седум дена

Реал засега доминира на летниот пазар, Јувентус работи на свој начин, додека Јунајтед го доведе најскапиот десен бек на сите времиња. Каталонија се уште не ја почувствува таа сласт на голем потпис, но кога се ќе се заврши, Барселона би можела да биде и победник на преодниот рок.

Иако со месеци интензивно се зборува, дури имаше и потврда од повеќе страни, трансферот на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид се уште не е завршен. Зошто? Директорите на Барселона внимателно работеа на тоа трансферот на Гризман да го завршат под поинакви околности отколку што беше предвидено и изгледа успеаја во тоа. Француски „Л’Екип“ јавува дека е постигнат договор меѓу двата клуба откупната клаузула на Гризман од 120.000.000 која стана активна на 1. јули да се подели во три еднакви годишни рати. Како благодарност за тоа, Барселона на споменатата сума ќе плати и шест милиони евра повеќе. Тоа одговорните лица во Мадрид го прифатија и сега останува само трансферот да се официјализира.

А тоа треба да се случи многу брзо. Можеби и до крајот на неделата, додека промоцијата ќе се случи во следните седум дена. Се споменуваше неодамна дека датумот ќе биде 11. јули, а причина за тоа е Френки де Јонг. Имено, момчето кое потпиша договор со Барселона зимоска ќе има официјална промоција во петок, а шпанските медиуми најавуваат дека истата ќе биде спектакуларна. Првиот човек на Барселона Жозеп Марија Бартомеу поради тоа сака малку да ги „подготви“ навивачите, со цел следната недела да добијат уште полуксузна промоција на францускиот голгетер.

За потсетување, Гризман во Барселона низ петгодишен договор ќе заработува околу 16.000.000 евра по сезона, без бонуси, што е за третина помалку од она што го имаше во Атлетико. Но, нема сомнежи дека недостатокот пари ќе биде подмирен со успесите на теренот…

Извор: sportclub.mk