Солскјер сака да доведе уште три или четири засилувања, тоа ќе зависи и од Погба и бара од клубот брзо да ги заврши работите.
Оле Гунар Солскјер не се откажува од својот план. По Даниел Џејмс и Ван Бисака, продолжува да бара млади играчи. Станува збор за целосна реконструкција на тимот, а следен е Шон Лонгстаф од Њукасл.
Тој би требало да чини околу 30 милиони евра и Норвежанецот се надева дека младиот играч за врска би можел до крајот на неделата да го облече дресот на „Ѓаволите“.
Оле побарал сите трансфери да бидат завршени до крајот на месецот, но тоа не беше реално.
Прва мета останува Хари Мегваер, тој според мислењето на луѓето од Јунајтед е сигурен пик, некој кој со 26 години има доста искуство, но и многу добри сезони пред себе. Лестер ја одби понудата од 80 милиони евра, бараат точно 100 милиони, но освен Иса Диоп од Вест Хем, „Ѓаволите“ немаат многу алтернативи за затворање на најчувствителното место во тимот.
Уште едно засилување е планирано, или две ако си замине Погба. Во тој случај Бруно Фернандеш, фантастичниот играч за врска од Спортинг, како и Јури Тилеманс кој одлично одигра во Лестер на позајмицата од Монако би биле уште двајцата играчи придодадени во средниот ред.
И понатаму нема договор околу продажбата на Лукаку, ниту потреба Солскјер било што да менува во нападот. Како што рековме, Солскјер сака уште три или четири засилувања, Јунајтед сака што е можно побрзо да го заврши преодниот рок со цел Норвежанецот да го има целиот тим на собир веќе во првата половина од јули.
Извор: sportclub.mk