Единствениот играч кој Јувентус ќе сака да го жртвува за Погба – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 3:39 PM

Единствениот играч кој Јувентус ќе сака да го жртвува за Погба

Јувентус бил заинтересиран да жртвува еден од своите најдобри играчи, за повторно да го вратат во своите редови Пол Погба.

„Црвените ѓаволи“ и понатаму стојат на ставот дека Пол Погба тешко ќе биде продаден ова лето, освен ако некој не достави понуда од 150+ милиони евра.

Но Јувентус има голем ростер на играчи, па размислува и на друг начин, тие се подготвени да го продадат Паоло Дибала, со цел да го добијат парите со кои би го исплатиле Манчестер Јунајтед за Погба.

Дибала се наметнува како можно жртвено јагне доколку од Јунајтед постои интерес за Погба да биде ослободен од обврските.

Дибала во Јувентус пристигна во 2015 година од редовите на Палермо, а сега е на цена и Јувентус може добро да го наплати неговото заминување.

Извор: sportclub.mk