Едни од најголемите светски веб сајтови, онлајн сервиси и платформи за тргување со криптовалути престанале да работат поради инфраструктурни проблеми со покревање на интернетот преку американскиот провајдер на компанијата Cloudflare.
Неколку големи веб сајтови, вклучувајќи ги и сервисот за разговори Discord, платформа за криптовалути, па дури и фитнес платформа Peloton, пријавиле проблеми во работата на сервисот, но тие веднаш не ги препишаа на Cloudflare, објави британскиот весник Independent.
Вон функција се, исто така, веб страните како Down Detector и Down For Everyone, кој вообичаено се користат за да се провери дали другите услуги се вон мрежата, поради што корисниците се оставени без можности да дознаат кои услуги се погодени.
Ко-основачот и извршен директор на Cloudflare, Метју Принс, потврдил на Твитер дека инфраструктурниот проблем во нивната компанија спречил функционирање на голем број корпоративни веб сајтови и пристап на корисниците до нивните онлајн услуги, додавајќи дека нивниот тим работи на решавање на проблемот. Принс брзо потоа твитна дека “сообраќајот е воспоставен” и дека сега се работи на враќање на страниците во функција низ целиот свет, и дека подетални информации за компанијата ќе бидат дадени кога проблемот ќе биде целосно елиминиран.
Извор: denar.mk