Во БиХ никна необична плантажа: На едно стебло по 140 банани – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 11:31 AM

Во БиХ никна необична плантажа: На едно стебло по 140 банани

Хикмет Сеферовиќ од Сански Мост, Босна и Херцеговина, во својот двор одгледува мала и необична плантажа за БиХ од десетина стебла банани. Во август очекува вкусни плодови и рекорден род од ова егзотично овошје за овој крај. Вели дека неговиот син пред неколку години добил семе од банани, па го засадиле во дворот околу семејната куќа.

– Исклучително добро напредуваат. Но, многу чувствутелни се на ниски температури, па зиме треба добро да се заштитат. Потребна е грижа и во вегетативниот период, како и во сушни периоди, кога едно стабло дневно бара до 40 литри вода. Оваа година времето беше добро, па очекувам од секое стебло по 140 убави и големи банани, исти како тие што ги купуваме во продавниците – вели Сеферовиќ за „Аваз“.