Путин нареди истрага за загинувањето на 14 морнари во руската подморница – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 9:47 AM

Путин нареди истрага за загинувањето на 14 морнари во руската подморница

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека смртта на 14. морнари е огромна загуба и нареди истрага за трагедијата.

Руската војска вчера соопшти дека 14 морнари загинале во пожарот што, од засега непознати причини, избил во подморница. Министерството за одбрана, пак, наведува дека пожарот избил еден ден порано, во понеделникот, додека подморницата извршувала тестови во руските територијални води. Огнот, како што се наведува, бил изгаснат благодарение на енергичноста на посадата.

Подморницата сега се наоѓа во арктичкото пристаниште Северноморск, главната база на Руската северна флота.