Економијата, безбедноста и интеграцијата на Ромите во фокусот на Балканскиот самит во Познањ – ММС
ММС

Објавено на: 07/3/19 9:44 AM

Економијата, безбедноста и интеграцијата на Ромите во фокусот на Балканскиот самит во Познањ

Со стручен форум, денеска во полскиот град Познањ почнува Самитот на западен Балкан, во рамките на Берлинскиот процес.

Во фукосот на самитот се регионалната соработка, поврзувањето, мобилноста, интеграцијата на Ромите, растот на економијата и начинот на надминување на актуелните предизвици, јавуваат агенциите.

Централниот настан ќе биде в петок кога треба да се одржи состанок на шефовите на држави или влади, а утре ќе има состаноци на министрите за економија, за внатрешни и за надворешни работи на земјите-учеснички.