Мартинели дебитираше на Итуано уште на 16 години и девет месеци. Од тогаш, тој постигна 10 гола во 34 натпревари за клубот од Сао Пауло. Талентот дури беше повикан во репрезентацијата на Бразил во мај, кога „селесао“ се подготвуваше за Копа Америка. Мартинели, исто така, се најде во најдобриот тим на шампионатот „Паулиста“.
Арсенал се пофали со првото засилување ова лето. Се работи за 18-годишниот бразилски напаѓач Габриел Мартинели, кој доаѓа од Итуано. Според локалните медиуми, тој ќе ги чини „топџиите“ 6,5 милиони фунти.
Мартинели дебитираше на Итуано уште на 16 години и девет месеци. Од тогаш, тој постигна 10 гола во 34 натпревари за клубот од Сао Пауло. Талентот дури беше повикан во репрезентацијата на Бразил во мај, кога „селесао“ се подготвуваше за Копа Америка. Мартинели, исто така, се најде во најдобриот тим на шампионатот „Паулиста“.
– За мене и моето семејство беше сон да заиграм во Европа за голем клуб како Арсенал. Ќе ја искористам оваа можност, изјави Бразилецот, кој додаде дека неговиот модел за имитација е Кристијано Роналдо.
МИА