Вандали го уништиле детското игралиште во штипската населба Леваци. Вработените од ЈП „Исар“ – Штип забележуваат дека демолирањето е направено 24 часа по поставувањето на новата жардињера и бекатон плочки на игралиштето.
– Кога дојдовме имаме што да видеме. Јас сум изненаден и се чудам за ова што се работи. Работиме и не знам за кого работиме. Ова е катастрофа и има големи штети“, вели Боре Ѓоргиев вработен во ЈП Исар.
Јасминка Петешева од ЈП „Исар“ – Штип вели дека ваквото уништувањето на детските игралишта од страна на непознати лица занчи и дополнително трошење на парите на граѓаните.
– За жал на ова игралиште во неколку наврати се демолира. Пред неколку дена повторно имаше уништување. Штетата ЈП „Исар“ ја гледа од два апсекти и од финансиски и од безбедносни причини. „Исар“ настојува да гради постојано зелени површина за спорт и рекреација, вели Петешева.
Таа истакна дека штипското комунално претпријатие „Исар“месечно за санирање на вакви и слични штети на урбаната опрема плаќа по околу 500 евра, додека на годишно ниво се најмалку 6.000 евра, кои наместо за поправки на веќе направеното можат да бидат инвестирани во нешто ново.
МИА