Каталонија на нозе: Доаѓаат и Гризман и Нејмар – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/19 3:22 PM

Каталонија на нозе: Доаѓаат и Гризман и Нејмар

Барселона е цврсто решена да атакува на Лигата на шампионите и да ја освои, па дури и да има најголеми трошоци за тоа.

Медиумите во Каталонија денеска тврдат дека во Барса ќе дојдат и Антоан Гризман и Нејмар иако до пред неколку дена се зборуваше дека може само еден од нив. Наводно, работата со Гризман е при крај, од вчера неговата отштета е 120 милиони евра, а проблемот е само дали оваа сума ќе биде намалена или Атлетико ќе дозволи плаќање на рати.

Со Нејмар ќе биде нешто потешко, но штом Бразилецот е одлучен да се врати во Барселона, веројатно нема да има проблеми. ПСЖ бара 130 милиони евра, плус двајца од Умтити, Дембеле, Кутињо и Ракитиќ, а можно е, под притисок на Нејмар да се оди со 130 милиони евра и еден фудбалер.

Извор: sportclub.mk