Зидан има само една желба и не отстапува од неа – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/19 3:16 PM

Зидан има само една желба и не отстапува од неа

Францускиот тренер на клупата на Реал, Зинедин Зидан нема намера да отстапи од остварување на неговата единствена желба во летниот преоден рок.

Станува збор за неговиот сонародник Пол Погба кого по секоја цена сака да го донесе на Сантијаго Бернабе. Јунајтед засега не се откажува од него или ако мора да го продаде, бара 170 милиони евра што е премногу дури и за клуб како Реал.

И Погба од своја страна врши притисок, не сака да замине на подготовки со клубот во Австралија и прави се што е потребно за трансфер. Подготвен е да чека до 2 септември кога завршува преодниот рок во Европа, но никој не верува дека по 8 август кога завршува преодниот рок во Англија, Јунајтед ќе го продаде.

АС тврди дека Погба веќе се согласил на условите на Реал, а освен Реал за него е заинтересиран и Јувентус.

Извор: sportclub.mk