Најдобриот стрелец во македонското првенство се сели во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/19 3:06 PM

Најдобриот стрелец во македонското првенство се сели во Франција

Францускиот прволигаш Ним го договори досегашниот фудбалер на Ренова, Влатко Стојановски кој со клубот ќе потпише на три години.

Стојановски беше најдобар стрелец во македонското првенство последната сезона со 18 постигнати гола. За него биле заинтересирани уште Борусија Менхенгладбах и Трабзон, но напаѓачот одлучил кариерата да ја продолжи во Франција.

Трансферот изнесува околу 1,5 милион евра што е одлична сума за тетовскиот прволигаш и поранешен шампион на Македонија.

Извор: sportclub.mk