По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот – ММС
ММС

Објавено на: 07/2/19 8:55 AM

По брзина на интернет сме рангирани на 78 место во светот

Просечната брзина на интернет во земјава изнесува 7.97 мегабити во секунда, со тоа државата е рангирана на 78 место во светот по брзината на интернет. Споредбата на телекомуникацииските услуги ги направил специјализираниот британски сајт Cable.co.uk.

Минатата 2018 година со просечна брзина од 8,82 мегабити во секунда земјава беше котирана во светот на 68 позиција.

Од регионов најдобра во светот според брзината на интернет е Словенија која се наоѓа на 27 место, Србија на 44 тото, па доаѓа Хрватска пет позиции после Србија и се наоѓа на 49-тото место, Соседна Бугарија ја држи 50 позиција, а Грција 57 место. И Косово има побрз инернет и според британскиот сајт се наоѓа на 60 место.

Триесет и седум земји од Европа се во топ 50 држави во светот со најбрз интернет.