Нема пожар во Штип, чадот бил од вежбата на Криволак, граѓаните велат од депонијата – ММС
ММС

Објавено на: 07/1/19 9:04 PM

Нема пожар во Штип, чадот бил од вежбата на Криволак, граѓаните велат од депонијата

Штипјани вечерва беа вознемирени од чадот кој што го прекри градот. Не се чувствуваше мирис на пожар но чадот беше очигледен. Сите се прашуваа каде гори и од каде доаѓа чадот кој како магла го прекри градот.

Од штипската ТППЕ велат дека нема регистриран пожар на територијата на Штип.

,,Најверојатно чадот доаѓа од воената вежба што се одвива на воениот полигон Криволак“, вели командирот на ТППЕ Тони Атанасов.

Голем број граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чадот доаѓал од штипската депонија.