Нејмар помина четири години во Барселона помеѓу 2013-2017, освојувајќи ја Лигата на шампионите и двапати Ла Лига. Тој постигна 68 гола за четири сезони со тимот од Каталонија.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, изјави дека преферира Нејмар да не се враќа во шампионатот, ако не го подобри своето однесување. Бразилецот ја напушти Барселона во насока ПСЖ за рекордна сума од 222 милиони евра во август 2017 година, но може да изненади и да се врати во „Камп Ноу“ ова лето.
– Според мое мислење, ако Нејмар се однесува добро, тој може да биде одличен играч. Но, јас лично мислам дека однесувањето и вредностите кои ги поставуваме како првенство се исто така многу важни. Преферирам друг тип играч. Нејмар е одличен фудбалер, но ако примерот надвор од теренот е несоодветен, тогаш искрено, претпочитам да не се враќа во шпанската лига, изјави Тебас за шпанското радио „Онда Черо“.
Нејмар помина четири години во Барселона помеѓу 2013-2017, освојувајќи ја Лигата на шампионите и двапати Ла Лига. Тој постигна 68 гола за четири сезони со тимот од Каталонија.
МИА